Повеќе од 100 милиони луѓе во Африка се во ризик од несигурно снабдување со храна

Африка веќе долго време се соочува со несигурност во снабдувањето храна, поради фактори како што се конфликти, несигурност, наезда од скакулци, недостиг од дожд, климатски промени, нестабилност на пазарот и катастрофи.

Фото: ЕПА

Повеќе од 100 милиони луѓе во Африка се соочуваат со катастрофална ситуација кога станува збор за снабдувањето со храна, пренесе агенцијата Анадолу.

Според извештајот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Африка веќе долго време се соочува со несигурност во снабдувањето со храна, поттикната од фактори како што се конфликти, несигурност, наезда од скакулци, недостиг од дожд, климатски промени, нестабилност на пазарот и катастрофи.

Во извештајот исто така се наведува дека пандемијата на ковид-19 била важен фактор за високото ниво на несигурност во снабдувањето со храна во руралните и урбаните области во повеќето африкански земји.

Во Источна Африка, последиците допрва треба да се видат во мај оваа година, особено во Сомалија, Јужен Судан и Етиопија, каде што владеат конфликти, долгорочни макроекономски проблеми и последиците од пандемијата ковид-19.

„Немаме време за губење. Повикуваме на колективна храбра акција со секвенционирање и организирање хуманитарен одговор на долгорочна стратегија и кон постигнување на целта за нула стапка на глад“, рече ИФРЦ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе