Потврдено: Северна Кореја изврши лансирање, Ким лично надгледувал

Севернокорејскиот водач Ким Џонг Ун го надгледувал новиот тест на повеќекратниот ракетен фрлач со големи димензии, јавија денеска официјалните севернокорејски медиуми.

Со тоа е потврдено дека Северна Кореја ги извршила ракетните проби што претходно ги пријави Јужна Кореја.

Јужнокорејската војска наведе дека повторно лансирала „проектили“, што обично значи балистички ракети со краток досег, во вторникот во зори од централниот дел на земјата.

Проектилите летале околу 330 километри пред да паднат во Јапонско Море.

Севернокорејската агенција КЦНА јави дека Ким Џонг Ун лично го водел тој тест, чија цел било да се измери времето на дејствување на ракетниот фрлач. Агенцијата наведе дека се предвидува најмалку уште еден тест.

Вчерашната проба е изведена неколку часа откако севернокорејските власти наведоа дека се спремни да ги обноват преговорите со САД, кои се на мртва точка од февруари, иако двајцата лидери најавија брзо продолжување за време на нивната импровизирана трета средба при крајот на јуни на границата меѓу двете Кореи. 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе