Потврдена е новата израелска влада, Нетанјаху веќе не е премиер

Долгогодишното владеење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху заврши во неделата кога израелскиот парламент ја одобри новата „влада на промени" предводена од националистот Нафтали Бенет.

Фото: ЕПА

Повлекувајќи се во опозиција Нетанјаху (71), најдоминантниот израелски политичар од неговата генерација, вети дека наскоро ќе се врати на власт.

На бучната седница на која десничарските и ултраортодоксни приврзаници на Нетанјаху му порачаа на Бенет дека треба да се „срами“ и дека е „лажго“, парламентот изгласа доверба за неговата нова влада со исклучително тесно мнозинство од 60 гласа спрема 59.

Поранешниот министер за одбрана и милионер од хај-тек секторот Бенет (49) наскоро ќе положи заклетва.

Неговата коалиција вклучува, за прв пат во израелската историја, партија што претставува 21 процент арапско малцинство.

Бидејќи имаат малку заедничко, освен желбата да се стави крај на ерата на Нетанјаху и политичката блокада што доведе до четири нерешени избори за две години, коалицијата на левичарски, центристички, десничарски и арапски партии веројатно ќе биде кревка.

Израелскиот лидер со најдолг стаж, Нетанјаху, беше премиер од 2009 година, по неговиот прв мандат од 1996 до 1999 година.

Ослабна поради неуспехот да оствари сигурна победа на изборите во 2019 година и судењето за корупција кое сè уште трае.

Според коалицискиот договор, Бенет ќе биде заменет како премиер во 2023 година со центристот Јаир Лапид (57).

Новата влада, формирана по нерешените избори на 23 мај, планира да избегне далекусежни потези околу жешки меѓународни прашања, како што е политиката кон Палестинците и да се фокусира на домашни реформи.

Палестинците очекуваат Бенет да продолжи со истата десничарска програма како и Нетанјаху.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе