Потврден е првиот случај на ковид во Олимпиското село во Токио

Организаторите на Олимписките игри во Токио објавија дека е регистриран случај на инфекција со коронавирус во Олимпиското село.

Фото: ЕПА

„Во селото има едно лице. Ова е прв регистриран случај и е откриен при пристигнувањето“, рече портпаролот на комитетот надлежен за организирање на Игрите, без да прецизира дали станува збор за спортист или член на стручен штаб, или од која земја доаѓа заразеното лице.

Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 23 јули до 8 август, бидејќи поради пандемијата се одложени за една година, а во Јапонија се воведени строги мерки за тие да можат да се спроведат.

„Правиме сè што можеме да спречиме ширење на коронавирусот. Ако дојде до зараза, имаме план за одговор“, рече претседателката на организацискиот комитет Сеико Хашимото.

На помалку од една недела пред церемонијата на отворање на Игрите, Токио не е во славеничко расположение бидејќи бројот на заболени од коронавирус продолжува да расте, а вонредната состојба е воведена во понеделникот и ќе трае до 22 август.

Скоро сите олимписки натпреварувања ќе се одржат зад затворени врати, а десетици илјади учесници, од спортисти и судии до странски новинари, подлежат на строги ограничувања.

Овие мерки не го задоволуваат локалното население, бидејќи претходните денови во Токио дневно се регистрирани скоро 1.300 случаи на корона.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, во четвртокот рече дека мерките даваат резултати и дека сите тимови ги почитуваат и поддржуваат регулативите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе