Земјотрес ја погоди Далмација

Потрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер кај Шибеник (ВИДЕО)

Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 степени на Рихтеровата скала утринава околу шест часот ја погоди Далмација.

EPA-EFE

Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска го забележале силниот земјотрес со епицентар на околу 13 километри југоисточно од Шибеник. Јачината на земјотресот била 4,7 по Рихтер, а интензитетот во епицентарот е од 6-ти степен по ЕМС скалата, пренесува ХРТ.

Епицентарот бил на длабочина од два километри.

Засега има само една дојава за материјална штета – оштетен автомобил во местото Врпоље кај Шибеник, врз кој паднало парче карпа. Никој не е повреден.

Жителите на Шибеник по потресот излегле од своите куќи на улиците, но повеќето брзо се вратиле во домовите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе