Потпретседателот на Трамп ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден

Мајк Пенс ќе присуствува на претстојната инаугурација на Џо Бајден, објавија повеќе американски медиуми. Така Пенс стана последниот долгогодишен лојалист кој го напушти се поизолираниот Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Односите меѓу Трамп и Пенс се затегнати од средата, кога Пенс официјално ја објави победата на Бајден. Толпа екстремни десничари упаднаа во Капитол истиот ден сакајќи да спречат Конгресот да го потврди тоа. Во немирите поттикнати од Трамп загинаа пет лица, а Пенс мораше да побегне од налетот на толпата.

Новиот претседател на САД претходно неделава рече дека Пенс ќе биде добредојден на официјалната заклетва, закажана за 20 јануари, во намален обем поради коронавирусот.

„Би ни било чест да присуствува и да се движиме напред во транзицијата“, изјави Бајден пред новинарите.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, предупреди дека демократите ќе започнат постапка доколку Трамп не поднесе оставка или Пенс не се повика на 25-тиот амандман, според кој кабинетот го отстранува претседателот од функцијата.

Иако Пенс не зборуваше јавно за тоа, Њујорк Тајмс објави дека тој е против примената на тој механизам, никогаш порано користен во историјата на САД.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе