понеделник, 8 декември 2025

Потпретседателот на Газпромбанк ја напушти Русија за да се бори за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Приказната за него ја пренесува рускиот независен портал Инсајдер – специјализиран за истражувачко новинарство, проверка на факти и политичка аналитика.

Инсајдер додава дека така Волобујев станал најмалку четвртиот извршен директор или функционер за кој се знае дека ненадејно ја напуштил земјата.

Според порталот, Волобујев рекол дека ја напуштил Русија на 2 март и им се приклучил на силите на територијалната одбрана на Украина.

„Русите убија многу луѓе – татко ми, мои познаници и блиски пријатели. Татко ми еден месец живееше во студен подрум. Луѓе што ги познавав од детството ми рекоа дека се срамат од мене“, рече Волобујев, кој е роден во Охтирка, на североистокот на Украина.

Овој 50-годишник знае дека е отпуштен од неговата банка откако ја напуштил Русија и дека на тој начин ја завршил својата 33-годишна кариера во компании поврзани со државниот гасен гигант Газпром.

„Никој во Русија досега не знае (за моето заминување)“, рече поранешниот извршен директор.

Волобујев рече дека бил дел од тимот за односи со јавноста на Газпромбанк чија задача била да го поткопува украинскиот систем за транспорт на гас во очите на европските потрошувачи.

Волобујев, исто така, ги доведе во прашање официјалните објаснувања за последователните убиства-самоубиства на поранешниот потпретседател на Газпромбанк Владислав Аваев во Москва и Сергеј Протосени, поранешниот главен менаџер на енергетскиот гигант Новатек во Шпанија.

„Не верувам дека тоа беа самоубиства“, рече тој, додавајќи дека „смртта на Аваев можеби е ‘инсценирана’, бидејќи можеби знаел премногу“.

Меѓу другите највисоки раководители и функционери за кои се знае дека ја напуштиле Русија за време на војната, Инсајдер ги наведува првиот заменик-претседател на управниот одбор на Сбербанк, Лев Хасис, претставникот на претседателот Анатолиј Чубаис и заменик-генералниот директор на Аерофлот, Андреј Панов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ