Потпретседателката на Венецуела: Американските санкции се закана за светскиот поредок

Потпретседателката на Венецуела Делси Родригез изјави дека најновите американски санкции, со кои е смрзнат имотот на венецуелската влада, претставуваат напад врз приватната сопственост и закана за светскиот поредок.

„САД мора да сфатат една за секогаш дека не се сопственички на светот“, кажа Родригез.

Таа додаде дека „секоја земја која има инвестиции во САД треба да биде многу загрижена бидејќи со тоа (замрзнувањето на имотот) се поставува опасен преседан против приватната сопственост“.

Родригез наведе и дека американските мерки најверојатно ќе му донесат дополнителни тешкотии на народот на Венецуела кој од претходно трпи последици на хиперинфалцијата и длабоката рецесија.

САД во понеделникот објавија дека го замрзнуваат сиот имот на венецуелската влада, а странските компании кои ќе го продолжат работењето со владата на социјалистичкиот претседател на Венецуела Николас Мадуро може да се најдат на мета на американски санкции врз основа на таа одлука.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе