Потпретседателката на САД: Америка треба да се соочат со своето срамно минато

Американската потпретседателка Камала Харис кажа дека европските истражувачи кои стигнале на американскиот континент спровеле „бран на уништување на домородните народи, биле насилни, краделе земја и ширеле болести“.

EPA-EFE

„Не смееме да го криеме ова срамно минато, мораме тоа да го расветлиме и да направиме сè што можеме да стигнеме до влијанието на минатото врз автохтоните заедници денес“, кажа Харис на Националниот конгрес на американските Индијанци, најголемата американска организација на домородното население.

Владата на претседателот Џо Бајден повторно ќе преговара за меморандум за разбирање за федерално финансирање на работното оспособување во областите на племенските народи.

Дванаесет федерални агенции веќе преговараа за тој меморандум во 2018 година, но не побараа мислења од автохтоните заедници за кои станува збор.

Харис изјавата ја даде ден по Денот на Колумбо, кога се одбележува пристигнувањето на тој истражувач кој пловел со шпанска помош, и по Денот на домородците, на кој се одбележува нивниот прогон по доаѓањето на Европејците.

САД од 1934 година „секој октомври го одбележуваат патувањето на европските истражувачи кои пристигнале на американскиот брег“, кажа Харис.

„Но, тоа не е целата приказна. Никогаш не била целата приказна“, истакна таа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе