„Историски настан“

Потпишана Конвенција за Касписко Море, Путин: Епохално значење, да се зачува мирот

Официјални лица од петте земји кои излегуваат на Касписко Море денес во Казахстан потпишаа Конвенција со која се дефинира правниот статус на ова стратешко море, под кое се наоѓаат значителни резерви на јаглеводород.

Претставници од Русија, Иран, Казахстан, Азербејџан и Туркменистан потпишаа документ со кој Касписко Море доби правен статус од кој бил лишен од распадот на Советскиот Сојуз.

Домаќинот на церемонијата, претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев пред потпишувањето кажа дека се работи за „историски настан“.

„Може да кажеме дека постигнувањето на консензус за статусот на морето беше тешко и беше потребно многу време, преговорите се низеа 20 години и беа неопходни големи и заеднички напори на сите засегнати страни“, рече тој.

Рускиот претседател Владимир Путин, голем заговорник на договорот, рече дека конвенцијата ќе има „епохално значење“ и повика на поголема воена соработка меѓу земјите од каспискиот басен за во регионот „да се зачува мирот“.

Договорот треба да доведе и до намалување на тензиите во регионот, за кој се проценува дека содржи речиси 50 милијарди барели нафта и речиси 300.000 милијарди кубни метри природен гас.

Според Кремљ, со договорот поголемиот дел од Каспиското Море потпадна под заедничка зона, а водните и подводните ресурси се поделени меѓу петте земји.

Назарбаев наведе дека главните точки на новиот договор се во врска со дозволи за изградба на подводни гасоводи и нафтоводи, квоти за риболов за секоја земја и забрана за военото присуство на трети земји во Каспискиот регион. „Каспиското Море им припаѓа само на касписките држави“ рече иранскиот претседател Хасан Рохани.

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе