Потопен кинески град во кој живеат над 10 милиони луѓе, најмалку 12 мртви (ВИДЕО)

Централната кинеска покраина Хенан е погодена од обилни дождови и поплави, а најтешко настрада главниот град Женгжу кој е погоден, како што наведуваат метеоролозите, од најобилните дождови во „последните илјада години“.

EPA-EFE

Во Женгжу, град со над 12 милиони жители сместен на бреговите на реката Јанг це, 12 луѓе смртно настрадаа во поплава на подземната железница додека 500 луѓе се спасени, објавија локалните власти.

На снимката објавена на социјалните мрежи синоќа, може да се види како луѓето стојат до половина во матна вода, додека метро станицата изгледа како огромен базен.

Милиони во Женгжу се погодени од последиците на невремето кое трае од викендот, откако областа на покраината Хенан е зафатена од поплавите на околните реки кои надојдоа поради невообичаено активната сезона на дождови.

Бројни железнички линии низ покраината, која е главен јазол на централна Кина се прекинати. Затворени се и голем број автопати, а летовите се откажани или одложени.

Патиштата се поплавени во десетина густо населени града. На снимките објавени на социјалните мрежи може да се видат жители на таа област како се пробиваат низ поплавените улици.

Од саботата вечерта до доцна синоќа во областа на градот Женгжу се измерени 617,1 милиметар дожд – што е речиси еднакво на годишниот просек за оваа област, кој изнесува 640,8 милиметри.

Според прогнозите, обилните дождови ќе траат до денес, но врнежите во целата провинција ќе продолѓат во следните три дена.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе