Потоп во Солун: улиците и куќите под вода, возачите заробени (ВИДЕО)

Обилните дождови предизвикаа големи поплави во Солун, десетици домови се поплавени, а двајца мотоциклисти беа заробени во поплавените улици, јавуваат грчките медиуми.

Противпожарната служба добила повеќе од 150 повици, а од 17 домови морало да се испумпува вода, пренесува Екатимерини.

За време на невремето во четвртокот навечер, пожарникарите евакуирале седум лица од поплавените домови во областа Ефкарпија.

Двајца возачи биле заробени во поројот, од кои едниот сам се извлекол од поплавата, додека другиот побарал полициска помош.

Сообраќајот во Солун се одвива забавено, а имало и неколку судири поради лизгавите патишта.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе