Потомците на Словенците бегаат од Венецуела, сакаат во Словенија

Канцеларијата за дијаспора на словенечката влада примила над 20 барања за преселување во татковината на словенечките државјани и нивните потомци кои живеат во Венецуела, јужноамериканската држава погодена од тешка економска и политичка криза.

Таа акција во мај ја поттикна словенечкото министерство за надворешни работи, а ја одобри парламентарниот одбор за ислечеништво, реагирајќи на апелите на луѓето со словенечко потекло кои велат дека во Венецуела поради тешката криза останале без извори на приход и здравствена заштита.

Ниедна молба за репатријација засега не е одобрена бидејќи се чека предлог на специјален закон кој тоа би го овозможил. Се претпоставува дека во Венецуела живеат неколку илјади Словенци.

Владата им одобрила парична помош од вкупно 1.500, а преку канцеларијата на Европската комисија за хуманитарна помош и кризен менаџмент 50 илјади евра за трошоци за лекување.

Како што пишува љубљанско Дело, меѓу оние кои аплицирале за преселување во Словенија има повеќе високообразовани лица кои велат дека би прифатиле каква било работа во старата татковина.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе