Потера по педофил во Србија, цела ноќ барале грабнато девојче (ВИДЕО)

Неколку стотици српски полицајци и специјалци со кучиња трагачи се во потрага по 12-годишната Моника Каримановиќ која, како што се сомневаат, ја грабнал Малчанскиот бричач, осудуваниот силувач Нинослав Јовановиќ од селото Малча.

По целоноќната потрага по девојчето од Ниш и грабнувачот од околината на Књажевац, потрагата по селото Орешац е проширена и на блиското село Подвис, во кое полицијата и полициските кучиња детално ја пребаруваат секоја куќа.

Девојчето исчезнало во петокот на 20 декември, а последен пат била видена во 7:20 кога тргнала на училиште, по што ѝ се губи трагата.

Досега се најдени нејзиниот училиштен ранец и јакна која му припаѓа на Јовановиќ. Потоа во едно село кај Књажевац, во обиена куќа, била најдена коса за која полицијата верува дека е на Моника. Грабнувачот и девојчето најверојатно преноќиле во куќата.

Нинослав Јовановиќ, со потекло од Малча, пред нешто повеќе од една година откако отслужил речиси 20 години затвор повторно бил уапсен бидејќи демнел и им се заканувал на жени на Фејсбук.

Прекарот Малчанскиот бричач го добил поради морничав фетиш. Тој, имено, ги потстрижил сите свои жртви, а пред судот признал дека потстрижувањето девојчиња го возбудува.

Тој пред 25 години силувал жена и девојче, а кога во 2005 година бил пуштен на условна слобода, нападнал девојче од 12 години. Двете претходно ги потстрижил, а едната успеал да ја силува. Повторно завршил во затвор, од каде излегол минатата година.

Тогаш на Фејсбук почнал да прогонува жени, барајќи да му испратат потстрижена коса со порака дека би сакал тој да ги шиша.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе