Потегот на Трамп предизвика гнев: „Бог не е твоја играчка“ (ФОТО+ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп посети две католички цркви во Вашингтон и се фотографираше пред нив држејќи ја Библијата, ваквиот потег многумина од црквата го осудија.

EPA-EFE/SHAWN THEW

Како што пренесува Би-би-си, Трамповото изразување на верска припадност не е добро прифатено кај дел од припадниците на црквата, додека нацијата се бори со двоен предизвик пандемијата и политичките протести.

Вашингтонскиот бискуп Марин Бад изјави: „Претседателот штотуку ја искористи Библијата, најсветиот текст на јудеохристијанската традиција и една од црквите на мојата епархија без одобрение за да испрати порака што е спротивна на Исусовото учење“.

Језуитскиот свештеник, Џејмс Мартин и советник во канцеларијата за комуникации во Ватикан, исто така, напиша критика на Твитер.

„Да бидам јасен, ова е одвратно. Библијата не е ничија сопственост. Црквата не е место за позирање. Религијата не е политичка алатка. Бог не е твоја играчка“, напиша тој.

Претседателот на Меѓуверскиот сојуз, Рабинот Џек Молин рече: „Да се види претседателот Трамп како стои пред епископската црква Свети Јован додека ја држи Библијата како одговор на повиците за расна правда - веднаш по употребата на воена сила за отстранување на мирни демонстранти - е една од најфлагрантните злоупотреби на религијата што сум ја видел досега“.

Трамп не припаѓа на одредена верска заедница, тој повремено посетува служби, но многупати кажал дека не сака од Бога да бара прошка.

Иако црквата не е клучна во неговиот приватен живот, таа може да ги држи клучевите за неговата политичка иднина.

На изборите во 2016 година, Трамп освои 81 процент од гласовите на белите католици, а анкетите покажале дека токму оваа група повеќе го поддржувала отколку Хилари Клинтон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SHAWN THEW

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе