Според американскиот специјален претставник

„Постојат докази за воени злосторства на Турција во Сирија“

Специјалниот американски претставник во Сирија рече дека американските сили виделе докази за воени злосторства од страна на турската војска за време на неодамнешната офанзива против Курдите во таа блискоисточна земја.

„Не видовме широко распространети докази за етничко чистење“ во турскиот воен напад, но има информации за „неколку инциденти што ги сметаме за воени злосторства“, рече Џемс Џефри на сослушувањето во Претставничкиот дом.

Американски официјални лица ги испитуваат овие информации, рече тој и додаде дека побарал објаснување од турската влада.

САД ги испитуваат и информациите дека Турција за време на офанзивата го користела забранетиот бел фосфор.

Тој го потврди и тврдењето на министерот за одбрана Марк Еспер дека повеќе од стотина борци на Исламска држава избегале поради турската операција, истакнувајќи дека „не се знае каде се“.

Џефри и Метју Палмер, заменик-државниот секретар задолжен и за односите со Турција, сведочеа втор ден по ред пред американскиот Конгрес.

Голем дел од пратениците, републиканци и демократи, не се согласуваат со одлуката на Трамп да ја повлече војската од Сирија и да ѝ отвори пат на турската војска да ја премине границата и да ги нападне курдските сили, кои со години им помагаа на Соединетите Држави да се борат со милитантите на Исламска држава.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе