Постои блискост меѓу минатото на австриската Слободарска партија со нацизмот, велат историчарите

Слободарската партија на Австрија (ФПО) го претстави во Виена извештајот на историчарите за нејзиното минато, кој покажува блискост со нацизмот.

„Произлегоа низа студии што фрлаат светлина врз историјата на слободарскиот табор, особено со оглед на блискоста со националниот социјализам. Таквата блискост постоела и тоа не е никаква тајна и може историски да се објасни“, рече историчарот Томас Гришани.

Според него, главното сознание на извештајот е дека и покрај испреплетеноста на голем број личности на суштинско-материјално ниво, ФПО сепак имала посебен развој, така што не била само некој вид продолжение или партија што ги прифатила сите поранешни нацисти.

Сепак, историчарите не се занимавале со темата на десничарските студентски здруженија, чии членови биле голем број функционери на ФПО.

Ова се објаснува со аргументот дека тие здруженија се приватни организации и дека е тешко да се добие увид во нивните архиви.

Во врска со доцната презентација на извештајот, само еден ден пред божиќните празници, генералниот секретар на ФПО Кристијан Хафенекер им пренесе на новинарите дека не станува збор за тактички маневар, туку дека анализата на минатото требало да биде претставена во една дискусија, но дека сите поканети лица, едно по друго, го откажале учеството.

Во исто време, тој посочи дека на ФПО ѝ биле потребни две години за да го испита своето минато, а дека на другите партии во Австрија за такво нешто би им било потребно многу повеќе време.

Хафенекер истакна дека извештајот е важен, затоа што секој што сака да се репозиционира во иднина, мора да ги анализира грешките од минатото.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе