Постковид шопинг-треска: Британците нагрнаа во отворените продавници и трговски центри (ВИДЕО)

Долгоочекуваното повторно отворање на неосновните продавници низ Велика Британија предизвика двоцифрен неделен пораст на бројот на луѓето што ги посетуваат продавниците, трговските центри и парковите на мало.

Фото: ЕПА

Според податоците од малопродажната аналитичка група Спрингборд, бројот на посетителите во продавниците низ целата земја пред 10 часот по локално време скокнале за 218% во однос на минатата недела. Бројот на посетителите сѐ уште е за 14,7% помал од истиот ден пред две години.

Во овој момент во 2020 година, Велика Британија беше во првата строга блокада поради првиот бран на пандемијата на ковид-19. Бројот на посетителите низ цела Велика Британија сега е зголемен за повеќе од 505% во споредба со минатата година.

Аналитичарите додадоа дека бројот на посетители само во трговските центри на Велика Британија се зголемиле за 340% за една недела.

Откако бројот на заразените во Велика Британија опадна, властите на земјата делумно ги ублажија претходно строгите мерки, па рано во понеделникот се отворија продавниците, фризерниците, спортските сали и пабовите. Музеите, забавните паркови и зоолошките градини исто така почнаа да пречекуваат посетители на отворено.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе