Постигната спогодба за нова германска влада, поддршка за европските интеграции на Западен Балкан

Мандатарот за состав на новата германска влада Олаф Шолц потврди вчера дека трите партии - социјалдемократите, либералите и зелените - постигнаа договор за формирање нова влада, со што ќе заврши ерата на долгогодишното владеење на канцеларката Ангела Меркел.

Фото: ЕПА

Новата влада ќе има 17 министерства, односно едно министерство повеќе од претходниот кабинет, бидејќи се воспоставува министерство за градежништво, пренесуваат агенциите.

На социјалдемократите им припаѓаат: местото канцелар, шеф на кабинетот, како и шест ресори.

Зелените добиваат пет министерства, меѓу кои вицеканцеларското место и министерството за надворешни работи. Слободните демократи (ФДП) ќе имаат четири ресори.

Оваа таканаречена „семафор-коалиција”, според зборовите на Шолц, ќе ја исполни целта за модернизација на Германија.

Според спогодбата од 177 страници, која е склучена по двомесечни преговори, трите партии се согласија да ги забрзаат јавните вложувања во зелената технологија и во дигитализацијата, како и од 2023 година да се вратат на строгите ограничувања на нивото на државниот долг.

Шолц од Социјалдемократската партија на Германија (СПД), кој би требало да ја замени Меркел на функцијата канцелар, го истакна значењето на суверена Европа, пријателството со Франција и партнерството со Соединетите Американски Држави како клучни точки во владината надворешна политика.

Според коалициската спогодба, трите партии искажуваат поддршка за европските интеграции на Западен Балкан.

Шолц рече дека очекува дека членовите на партиите ќе ѝ дадат „свој благослов” на спогодбата во следните 10 дена.

Социјалдемократите преговараа со еколошката партија на Зелените и со Слободните демократи откако постигнаа тесна победа на националните избори на 26 септември.

Ако членовите на партијата ја потпишат спогодбата, тричлениот сојуз ќе ја замени сегашната „голема коалиција”.

Трите идни владејачки партии се надеваат дека Шолц (63), кој од 2018 година беше министер за финансии и вицеканцелар во владата на Меркел, парламентот ќе го избере за канцелар во неделата што почнува на 6 декември.

Ова е првпат во германската историја коалициската влада да ја составуваат социјалдемократите, либералите и зелените.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе