Последниот руски независен канал повторно е во етерот, се емитува од Летонија

ТВ Дожд, последниот руски независен канал, се врати во етерот, повеќе од четири месеци откако беше принуден да затвори поради начинот на кој известуваше за војната во Украина.

Фото: ЕПА

Телевизијата Дожд продолжи да емитува вести на својот Јутјуб канал од Латвија, јавува Би-би-си. Властите го блокираа Дожд на почетокот на март, само неколку дена откако Москва ја нападна Украина. Многу вработени потоа ја напуштија Русија и подоцна почнаа да работат на обновување на каналот во странство.

Дожд ја продолжи својата работа од студио во летонската престолнина Рига вчера во 20:00 часот по московско време (17:00 часот по средноевропско време) со информативната програма „Овде и сега“. Тие рекоа дека добиле лиценца од ЕУ за емитување и целата програма ќе продолжи наесен од Рига и Амстердам, Париз и грузискиот главен град Тбилиси.

Сепак, аналитичарите велат дека за поголемиот дел од жителите во Русија, единствениот начин за пристап до каналот ќе биде преку Јутјуб на виртуелни приватни мрежи (ВПН).

Во март, рускиот телекомуникациски регулатор го блокираше Дожд бидејќи руската инвазија на Украина на 24 февруари ја опиша како војна. Новиот руски закон го криминализира ширењето лажни информации за руската војска, вклучително и тоа инвазијата на Украина да се нарекува што било друго освен „специјална воена операција“.

Регулаторот го обвинува Дожд и за поттикнување екстремизам, злоупотреба на руските граѓани, предизвикување масовно нарушување на јавниот мир и безбедност и поттикнување протести. Новите закони ги принудија сите големи независни и либерално ориентирани медиуми, вклучително и Ехо на Москва и Новаја газета, или да се затворат или да се преселат во странство.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе