Шеснаесеттиот новогодишен говор на германската канцеларка по вечерните вести го следеле 4,49 милиони гледачи на АРД, а други 4,33 на ЗДФ.
Минатата година Меркел ја слушале околу 5,1 милион граѓани.
„Сојузните избори се одржуваат за девет месеци, на кои јас нема да се кандидирам. Според тоа ова денес е веројатно последниот пат да ви се обраќам како канцеларка со новогодишен говор“, рече Ангела Меркел.
Германските демохристијани (ЦДУ), моментално најпопуларната партија во Германија, сè уште немаат избрано кандидат за нејзин наследник.
Во 2017 година, Меркел одржа новогодишен говор додека беа во тек преговорите за формирање нова коалициска влада.
Таквата ситуација може да се повтори бидејќи не се очекува на изборите кои се одржуваат на 26 септември да има има јасен победник.