Последната одлука на претходната српска влада: Вилата на Јованка Броз на премиерката Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ може да почне да ја користи вилата во Белград каде со децении живееше вдовицата на Јосип Броз Јованка Броз. Со уредва на српската влада во улицата Кнез Александар Караѓорѓевиќ е внесена во објектите за репрезентативни потреби на Република Србија. Одлуката е објавена во службен весник и ја потпишала лично Ана Брнабиќ.

EPA-EFE

Не се знае кога Брнабиќ ќе се всели во дражавната вила помалку позната по името „Бор“ а повеќе по Титовата вдовица, но како што неодамна се увериле репортери на Нова.рс, објектот е целосно спремен за српската премиерка и нејзиното семејство.

„Вилата на Јованка“ е реновирана за првпат по речиси шест децении, а ни по повеќе од еден месец порталот нова не добил одговор колку чинела реконструкцијата, кои фирми го реновирале објектот и дали за тоа бил распишан тендер.

Директорот на српската Републичка дирекција за имот Јован Воркапиќ претходно изјави дека за комплетна реконструкција на тој објект се потребни околу 2,5 милиони евра.

Иако сите овие години била под заштита на државата, велелепната вила до пред една година била руина, за во меѓувреме да биде преуредена до непрепознатливост. Вилата е детално обновена, но и дворот, оградата и околните тротоари.

Јованка Броз почина на 20 октомври 2013 година. Таа таму „привремено“ живееше цели три децении, откако насилно беше иселена од нејзиниот и Титовиот дом во Ужичка улица во Белград.

Проценките се дека објектот, кој држава своевремено го откупила од стариот сопственик, вреди околу четири милиони евра.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе