Последица од пандемијата се и уште милиони тони пластичен отпад

Пандемијата на коронавирусот доведе до значително зголемување на количеството пластичен отпад низ целиот свет, објави во понеделникот германската новинска агенција Дпа.

Фото: ЕПА

Според една проценка, околу 8,4 милиони тони пластичен отпад во 193 земји биле генерирани за време на пандемијата до август, пишуваат експерти од Кинеската академија на науките во Зборникот на Националната академија на науките на САД (ПНАС).

За споредба, според Програмата за животна средина на ОН УНЕП, човечкиот вид произведува околу 300 милиони тони пластичен отпад годишно.

Тим научници предводени од Јиминг Пенг и Пеипеи Ву проценуваат дека најголем дел од пластичниот отпад произведен за време на пандемијата на коронавирусот доаѓа од болниците, околу 87,4 проценти, особено во азиските земји.

Маските и другата заштитна опрема за лична употреба сочинуваат 7,6 отсто од отпадот, се вели во студијата објавена во понеделникот.

Дополнителен отпад сочинува и амбалажата во која се доставуваат нарачките направени преку интернет, со 4,7 проценти.

„Пластичниот отпад му штети на морскиот живот и стана главен еколошки проблем“, пишуваат научниците.

„Пандемијата на ковид-19 доведе до зголемена побарувачка за пластиката за еднократна употреба, што го зголемува притисокот врз глобалниот проблем со пластиката, кој веќе е надвор од контрола“, додаваат тие.

Досега во светските океани влегле 25.000 тони пластика создадена од пандемијата. Ова претставува долгорочен проблем за морската средина.

Научниците повикаа на подобро справување со проблемот со медицинскиот отпад за време на пандемијата, особено во земјите во развој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе