После три месеци уапсен американецот кој киднапираше 13-годишна девојка и ѝ ги уби родителите

Џејк Томас Патерсон (21) од државата Висконсин ја држеше тринаесетгодишната девојка притворена три месеци откако ѝ ги уби родителите, за што е обвинет во петок, еден ден откако таа успеа да побегне.

Илјадници волонтери и стотици безбедносни сили учествуваа во потрагата околу малиот град Барон, откако пред три месеци родителите на Џејми Клос беа пронајдени убиени во нивниот дом на 15 октомври. Вратите на куќата биле отворени, а нивната ќерка ја немало.

Шерифот на округот Барон нејиното бегство од градот Гордон, каде што била затворена на околу 60 километри од нејзиниот дом го припиша на „волјата за живот“.

Во четвртокот попладне ја пронајде жена која го шетала своето куче, по што набрзо отишле во куќата на соседите да повикаат полиција.

„Ова е Џејми Клос!“, рекла жената кога сосетката ја отворила вратата, пренесе весникот Стар Трибјун од Минеаполис.

„Повикај 911!“

Шерифот за време на прес-конференцијата во петокот изјави дека Џејми била земена против нејзината волја. Тој рече дека инспекторите веруваат дека Патерсон ѝ ги убил родителите на Џејми бидејќи сакал нејзе да ја киднапира и дека Патерсон „ги планирал своите постапки и презел многу чекори за да го скрие својот идентитет“.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе