После Мадуро и венецуелската опозиција ги напушти преговорите

Опозицијата во Венецуела објави дека ги напуштила преговорите и дека завршил дијалогот за решавање на политичката криза, под покровителство на норвешкото Министерство за надворешни работи, шест недели откако претседателот Николас Мадуро се повлече од преговорите.

Разговорите, главно, водени на карипскиот остров Барбадос, започнаа по неуспешниот воен удар, поттикнат од лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо во април против Мадуро, кој е обвинет за кршење на човековите права и економскиот колапс, што доведе милиони да емигрираат од Венецуела.

Претставниците на Мадуро ги напуштија преговорите во август во знак на протест против воведувањето на поостри американски санкции врз Венецуела.

Опозициските критичари на дијалогот со Мадуро тврдат дека Мадуро се согласил да преговара само за да купи време.

„Диктаторскиот режим на Николас Мадуро го отфрли процесот на преговарање со лажни оправдувања“, се вели од кабинетот на Гуаидо во соопштението објавено на Твитер.

„По повеќе од 40 дена, во кои тие одбиваа да продолжат (со преговорите), потврдуваме дека барбадоскиот механизам заврши“, се додава.

Ниту венецуелското Министерство за информации ниту норвешкото Министерство за надворешни работи досега не го коментираа повлекувањето од преговорите.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе