Посетата на Ердоган во Грција не почна добро

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган пристигна денеска во важна дводневна посета во Грција, прва на претседател на Турција во шест и пол децении.

Иако целта на посетата требаше да биде подобрување на односите, атмосферата веднаш беше напната поради објавувањето на тоа за што ќе се зборува. Ердоган рече дека треба да се „дополни“ и „освежи“ меѓународниот мировен Договор од Лозана во 1923 година, со кој после Првата светска војна е утврдена границата на Грција и Турција, и со кој се решени други важни прашања.

Овој договор го утврдува и правниот статус на муслиманското малцинство кое Грција го признава само како верско, додека Турција го смета за национално турско малцинство. Сепак, Павлопулос одговори дека Договорот од Лозана „не треба ниту да се ревидира ниту да се менува“.

Претставникот на владата на Грција, Димитрис Цанакополус оцени во соопштението дека изјавата на Ердоган „предизвика длабока загриженост и сериозни прашања“ и порача дека „владата и нејзиниот претседател сакаат оваа посета да биде основа за градење на мостови наместо подигнување ѕидови“.

Почитувањето на Договорот од Лозана е „исклучителна основа за која не може да се преговара, за чесна соработка што двете земји можат да ја изградат“, рече Цанакополус. „Изјавите за негова ревизија не придонесуваат кон атмосферата што се обидуваме да ја изградиме во нашите односи, и во регионот“, истакна тој.

Ердоган претходно два пати ја посетил Грција, но како премиер, 2004 и 2010 година.

Ердоган денеска ќе се состане со премиерот Алексис Ципрас, а разговараше со министерот за надворешни работи Никос Коцијас.

Теми на дискусија се бегалската криза и регионалните прашања.

Еден од проблемите во односите меѓу Атина и Анкара за кои ќе се разговара денес, како што пред посетата најави Ердоган, е случајот на осум турски офицери и војници кои по обидот за државен удар од минатата година побегнаа во Грција. Атина го отфрли барањето на Анкара за нивна екстрадиција, со образложение дека нема да им биде праведно судено во Турција.

Тоа го налути Ердоган, кој во пресрет на посетата, во средата рече дека судството во Турција е „најдобро во Европа“ и дека Грција требало веднаш да ги врати турските офицери и војници, а не во тоа да се меша грчкиот суд испитувајќи ги нивните случаи.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе