Португалија му порача на американскиот амбасадор: Тука одлуките ги носат португалските власти

Португалските државни лидери го критикуваа американскиот амбасадор во таа земја Џорџ Глас откако тој кажа дека мора да се одлучат меѓу САД и Кина или ќе се соочат со последици.

EPA-EFE

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза им кажа на новинарите дека само претставниците кои ги избрал портгалскиот народ можат да одлучуваат за судбината на земјата, почитувајќи го устсвот и правата кои им ги дава.

Глас за весникот Експресо за време на викендот кажа дека Португалија мора да избере меѓу своите „американски пријатели и сојузници“ и својот „економски партнер“ Кина. Ја опиша земјата како „бојно поле“ меѓу Вашингтон и Пекинг.

Португалија може да очекува последици поврзани со безбедноста и одбраната ако одбере да соработува со Кина наместо со САД во развојот на 5Г мрежата и други прашања, кажа тој.

Министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва кажа: „Во Португалија одлуките ги носат португалските власти, кои одлучуваат кои се португалските интереси“.

Трите компании кои доминираат на пазарот за мобилна телефонија во Португалија веќе кажаа дека нема да ја користат технологијата на кинески Хуавеј во 5Г мрежите, но португалската влада не ѝ забрани на кинеската групација да учествува во работата на 5Г инфраструктурата.

Кина ја вклучи Португалија во својата иницијатива Еден појас, еден пат во декември 2018 и во последните години кинеските компании инвестирале околу 10 милијарди евра во таа земја, со што Португалија стана една од земјите со најголеми кинески инвестиции во Европа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе