По претворањето на Аја Софија во џамија

Портпаролот на владата: Грција ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за Турција да сноси последици

Грција ќе направи сѐ за Турција да сноси последици поради претворањето на Аја Софија во џамија, изјави портпаролот на грчката влада.

EPA-EFE

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас изјави во интервју за телевизијата Скај дека „Грција ќе направи сѐ во нејзина моќ“ за турските власти да сносат последици поради одлуката Аја Софија, споменик под заштита на УНЕСКО, повторно да ја претворат во муслимански храм, пренесува грчката национална агенција АНА.

Пецас оцени дека одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има меѓународна тежина и дека таквото „престапничко однесување и нанесената навреда ќе имаат соодветен, возвратен одговор“.

Претставникот на грчката влада укажа дека „Ердоган направи историска грешка и раздор кој мора да се премости“.

„Секој кој ги крши меѓународните прописи и законите со девијантно однесување, ќе сноси штетни последици“, предупреди Пецас.

Во меѓувреме грчкиот премиер Киријакос Мицотакис оствари серија меѓународни контакти по повод одлуката на турските власти Аја Софија повторно да стане џамија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе