Портпаролот на талибанците: Кина може да придонесе на развојот на Авганистан

Кина одигра конструктивна улога во промовирањето на мирот и помирувањето во Авганистан и е добредојдена да даде придонес во обновата на земјата, изјави за кинеските државни медиуми портпаролот на талибанците Сухаил Шахин.

EPA-EFE

По силната офанзива, талибанските милитантни за време на викендот ја преземаа контролата и над авганистанската престолнина Кабул, што натера илјадници цивили и авганистански воени соработници, уплашени од одмазда, како и враќање на старото толкување на исламскиот закон, шеријат, наметнат за време на претходното талибанско владеење кое заврши пред 20 години.

Во односите со талибанците сè помоќната Кина би можела да го искористи фактот што за разлика од Русија и САД не се борела во Авганистан, пишува Ројтерс.

„Кина е голема земја со огромна економија и капацитети – сметам дека може да одиграат голема улога во обновата и рехабилитацијата на Авганистан“, кажа Шахин во разговор за кинеската телевизија ЦГТН (Чајна глобал телевижн нетворк).

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји минатиот месец за време на состанок со талибанска делегација во северниот кинески град Тианџин изрази надеж дека Авганистан би можел да усвои поумерена исламистичка политика.

Со Авганистан граничи западниот кинески регион Синџијанг, главно населен со етничко малцинство Ујгури, главно муслимани, при што Кина е соочена со обвинувања од Западот, главно од САД, дека врши геноцид врз таа заедница.

Кина долго изразува загриженост дека Авганистан под контрола на талибанците ќе се користи како засолниште од страна на ујгурските сепаратистички сили.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе