За Си-ен-ен

Портпаролот на Путин ја објасни ниската стапка на смртност од коронавирусот во Русија

Русија е една од земјите најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот, според бројот на забележани случаи на ковид-19, заостанувајќи само зад Соединетите Држави и Бразил.

EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV

Лекарите во земјата укажаа на сериозниот недостаток на опрема, иако локалните власти ја негираат таквата состојба. Затоа, очекувано многумина се запрашаа дали Русија навистина отворено зборуваше за бројот на починати и заразени на нејзината територија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој се врати на работа откако во мај беше хоспитализиран поради инфекција со коронавирус, застана во одбрана на својата земја.

Во ексклузивно интервју за Си-ен-ен Песков рече дека вирусот не претставува политичка криза за рускиот претседател Владимир Путин и дека рускиот здравствен систем спасил многу животи иако бил под голем притисок.

Според руската независна истражувачка агенција Левада-центар, поддршката на рускиот претседател падна под 60% во април и мај, но Песков ваквите тврдења ги отфрли.

„Загрижени сме поради оваа пандемија и поради нејзините последици врз економијата. Но, претседателот Путин веќе неколкупати изјави дека не го интересира јавното оценување, бидејќи ако размислувате за своите оценки, нема да можете да донесувате одговорни одлуки“, изјави вчера Песков за Си-ен-ен.

Путин во март изјави дека ширењето на вирусот во Русија е „под контрола“, но неколку недели подоцна Русија стана втора земја во светот според бројот на заразени и владата беше принудена да го одложи важниот референдум.

Кога новинарот го праша Песков што тргна наопаку, тој рече дека „ништо не тргнало наопаку освен самиот коронавирус“.

„Прво, имаме неколку густо населени градови, а таквите градови обично имаат најголем број заразени. Таков беше случајот со Москва. Покрај тоа, Русија спроведува многу тестирања. И колку повеќе тестирате, толку повеќе инфекции ќе откриете“, рече тој.

Друга работа што им го привлече вниманието на многумина е многу малиот број на смртни случаи во однос на бројот на заразени, што предизвика шпекулации дека локалните власти манипулирале со бројките. Во мај, Одделот за здравство на градот Москва соопшти дека ги брои само оние смртни случаи кои се потврдени со обдукција, односно за кои е несомнено дека се предизвикани од коронавирус, а не од некоја друга болест.

Но, Песков ниската стапка на смртност ја припишува на „ефективното“ здравство.

„Дали размислувавте за можноста дека рускиот здравствен систем е многу ефективен?“ рече тој, додавајќи дека руското здравство „ги спасило животите на многу луѓе“.

Од друга страна, голем број медицински професионалци низ целата земја зборуваат за лошите услови во болниците, недостаток на заштитна опрема и неисплатени плати. Според официјалните податоци, досега во Русија починале над стотина медицински работници, но здравствените работници говорат за повеќе од 300.

Дмитриј Песков даде интервју за Си-ен-ен истиот ден кога Москва официјално ги укина строгите мерки на ограничувања поради пандемијата на коронавирус, овозможувајќи им на своите граѓани да патуваат во и надвор од градот без електронски пропусници.

Одложениот референдум ќе се одржи на 1 јули, на кој ќе се гласа за уставните амандмани што би му овозможиле на Путин да остане на функцијата до 2036 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе