Портпаролот на Нетфликс отпуштен затоа што двапати рекол „нигер“

Американската интернет-компанија Нетфликс го отпушти својот главен портпарол Џонатан Фридленд бидејќи во два наврати за неколку дена на состанок со своите вработени ја употребил истата расистичка навреда.

Менаџментот на компанијата соопшти дека Фридленд двапати „го употреби зборот што почнува со буквата н“, што се смета за исклучително навредливо и за табу.

Како што пишуваат медиумите, во прашање е зборот „нигер“, кој е англиски збор со кој на навредлив начин се означуваат црнците.

Фридленд рече дека ја напушта компанијата по седум години работа и додаде дека го употребил навредливиот збор на шега.

„Длабоко жалам што им нанесов штета на луѓе во компанијата што ја сакам и сакав сите да се чувствуваат како дел од тимот и да бидат почитувани“, рече сега веќе поранешниот портпарол на Нетфликс.

Во еден подоцнежен, сега избришан твит, Фридленд напиша: „Издигни се високо, падни брзо. Сè за неколку збора...“

Фридленд е поранешен новинар што работел во комуникацискиот тим на Дизни, а пред тоа десет години бил новинар за Вол стрит џурнал.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе