Портпаролот на Европската комисија: Црна Гора не може да смета на помош од ЕУ во отплаќањето на кинеските кредити

Црна Гора не може да смета на тоа Европската Унија да ѝ го отплаќа кредитот кој го земала од Кина за изградба на автопат, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано.

EPA-EFE

„Ние не ги отплаќаме кредитите кои нашите партнери на Западниот Балкан ги земаат од трети страни“, изјави Стано одговарајќи на новинарско прашање за барањето на црногорската влада да ѝ се помогне во отплаќањето на кредитот.

Потпретседателот на црногорската влада Дритан Абазовиќ изјави на крајот на март во Европскиот парламент дека Европската Унија би требало да ѝ помогне на Црна гора да го исплати кредитот од милијарда евра на кинеската банка Ексим, кој го земала за првата делница на автопатот од Бар до границата со Србија, со што би помогнала да се намали влијанието на Кина во таа земја.

Црна Гора во 2014 година позајми од кинеската банка пари за изградбата на првата од трите делници на автопатот кој води од Бар, градот на брегот, до границата со Србија, со годишна камата од 2 отсто и шестгодишно чекање кое истекува оваа година, а роковите за изградбата се пробивани неколку пати.

Тој аранжман го крена црногорскиот јавен долг на повеќе од 80 отсто од БДП.

„Им се обратив на финансиските институции на Европската Унија да размислат за модели за помош на Црна Гора, за да го сузбијат секое нездраво странско влијание и да го доведат во разумна мера“, кажа Абазовиќ.

Стано потсети дека Европската Унија е најголемиот доставувач на финансиска помош, најголемиот инвеститор и трговски партнер на Црна Гора и дека ЕК донела план со кој се мобилизираат девет милијарди евра инвестиции на Западниот Балкан за сообраќај, чиста енергија, зелена и дигитална транзиција.

„Секоја земја слободно влегува во инвестициски и кредитни аранжмани какви што сака. Што се однесува конкретно на Црна Гора, загрижени сме поради социјално-економските и финансиските ефекти на некои од кинеските инвестиции. Постои ризик од макроекономска нерамнотежа и должничка зависност“, кажа Стано.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе