За тврдењата на српските медиуми

Портпаролот на Борел: Потполна глупост е дека САД и ЕУ ќе бараат од Србија признавање на Косово

Портпаролот на шефот на европската дипломатија Жосеп Борел ги негираше денес тврдењата на Вечерње новости дека Брисел и Вашингтон подготвуваат неформален документ со кој на Белград ќе му дадат до знаење дека ќе мора да се обврзе на признавање на Косово.

EPA-EFE

„Бидете уверени дека ваквото известување е потполна глупост“, кажа портпаролот на Борел Петер Стано.

Од извештајот на Вечерње новости се изненадени и дипломатски извори во Брисел, кои наведуваат дека станува збор за „трачеви и измислени конструкции по кои некои медиуми се веќе познати“, додава Н1.

Повикувајќи се на неофицијални информации, Вечерње новости денес објави дека Брисел и Вашингтон подготвуваат листа на очекувања од Белград во процесот на решавање на косовското прашање. Весникот наведе дека тие барања најверојатно ќе му бидат доставени на државниот врв на Србија како неформален документ во кој на Белград ќе му се даде до знаење дека мора да се обврзе дека ќе го признае Косово.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе