При туркање со обезбедувањето

Портпаролката на Белата куќа повредена за време на средбата на Трамп и Ким (ВИДЕО)

Само неколку дена откако ја презема функцијата, портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам е повредена во туркањето на обезбедувањето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со претставниците на светските медиуми.

Туркањето се случило на средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со Ким во делимитаризирана зона меѓу двете Кореи, додека Гришам се обидувала да им обезбеди подобра позиција на претставниците на американските медиуми.

„Слушнав дека новата портпаролка на Белата куќа Стефани Гришам влегла во туркање со Севернокорејците кои се обиделе да ги потиснат членовите на новинарските тимови на Белата куќа, обидувајќи се да заземат подобра позиција за пренесувањето на средбата на Трамп и Ким. Гришам доби полесни повреди“, напиша новинарот на Си-ен-ен Џим Акоста.

Гришам подоцна била видена како ги упатува новинарите пред зградата каде што беше одржана средбата.

Претходно денс Трамп и Ким се сретнаа во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров и се ракуваа, при што Трамп стана првиот американски претседател кој стапнал во Северна Кореја, обновувајќи ги надежите за напредок во односите меѓу двете земји.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе