Портпарол на партијата на Макрон: „Од италијанската влада ми се повраќа“

Франција испрати критики до новата италијанска влада, нарекувајќи ја неодговорна и цинична, откако Рим одби да прими повеќе од 600 мигранти.

Обраќајќи им се на новинарите по седницата на владата, нејзиниот портпарол Бенжамин Гриво изјави дека претседателот Емануел Макрон предупреди дека државата чиј брег е најблиску ја носи одговорноста за мигрантите, според поморскиот закон.

Италија, соопшти дека има намера мигрантите од пренатрупаниот хуманитарен брод Аквариус да ги префрли денес на други бродови за да отпловат кон Шпанија, која во понеделникот неочекувано се понуди да ги прими, откако Италија и Малта одбија.

На бродот од неделата во централниот Медитеран пловат 629 мигранти, вклучувајќи 11 деца и седум бремени жени.

Макрон ја осуди блокадата на Аквариус, велејќи дека Италија според меѓународниот закон треба да ги прифати бегалците. „Постои висок степен на цинизам и неодговорност во однесувањето на италијанската влада околу оваа драматична хуманитарна ситуација“, рече Гриво наведувајќи дека Макрон тоа го рекол пред кабинетот.

Портпаролот на партијата на Макрон, Габриел Атал отиде подалеку велејќи: „Од италијанската влада ми се повраќа“.

Италија ги отфрли француските критики, а ја прими поддршката од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е пријател на новиот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

„Беше многу депресивно со години да се слуша дека е невозможно да се заштитат поморските граници“, изјави Орбан за новинарите во Будимпешта. „Силата на волјата се врати во Италија“.

Лекари без граници, кои управуваат со Аквариус и со друг брод на СОС Медитеран, предупредуваат дека пловидбата до Валенсија трае пет дена.

„Лекари без граници сметаат дека безбедноста на луѓето е пред политиката. Подобра опција би била веднаш да се однесат до најблиското пристаниште, по што би можеле да се пренесат во Шпанија или друга безбедна земја на згрижување и идна правна обработка“, според Лекари без граници.

Но, новоформираната италијанска влада, сепак, не попушта и покрај предупредувањата дека на море се најавува невреме. Салвини не дозволува странски невладини организации да ги диктираат условите и исто така сака да ги принуди останатите членки на ЕУ да ги преземат мигрантите од Средоземното море.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе