Стариот и новиот претседател

Порошенко и Зеленски: Русија е окупаторска сила

Претседателот во заминување на Украина и новоизбраниот шеф на државата издадоа одвоени изјави во кои ја осудуваат Русија како окупаторска сила во источна Украина.

Осудувачките реакции се реакција на тоа што Москва почна постапка за поедноставување на процедурата за добивање руски пасоши за жителите на регионот Донбас.

Претседателот во заминување Петро Порошенко кажа дека со акцијата Кремљ го крши меѓународното право, додека новиот украински претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за војна против Украина, пренесува Ројтерс.

Претходно денес рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за забрзување на решавањето на барањата за руско државјанство на Украинците кои живеат во Доњецк и Луганск.

Во декретот објавен на сајтот на Кремљ наведено е дека на луѓето кои живеат во Украина во Доњецкиот и Луганскиот регион ќе им се разгледуваат барањата за помалку од три месеци.

Путин изјави дека е неприфатливо жителите на украинските региони Доњецк и Луганск немаат права, но додаде и дека Москва не сака да му создава проблеми на новото украинско раководство.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе