Поразувачко: дури половина од хрватските лекари не сакаат да се вакцинираат

Во светот трае дебатата дали вакцината против коронавирусот треба да биде задолжителна за оние што во својата работа можат да заразат други. Резултатите на анкетата неодамна спроведена меѓу хрватските здравствени работници покажале поразувачки податоци дека би се вакцинирале сè на сè половина од лекарите и нешто повеќе медицински сестри.

EPA-EFE

„Би им ја препуштил во овој момент својата вакцина на другите. Има време за вакцинирање“, гласи реченицата со која деновиве одговараат лекарите на анкетата за тоа дали сакаат да се вакцинираат против ковид-19, која се спроведува во хрватските здравствени установи, а чии конечни резултати се објавени денес.

Првите податоци од болниците покажуваат дека би се вакцинирале едвај половина од лекарите, но затоа медицинските сестри во поголем број би се решиле за единствената заштита од вирусот која постои во моментов. Исто така, минатата недела заврши анкетирањето на корисниците на домовите за постари и изнемоштени лица, како и нивните вработени. Таа анкета покажа дека би се вакцинирале над 70 отсто од корисниците, но тоа би го направиле само 40 отсто од вработените.

Хрватскиот завод за јавно здравство во планот за вакцинација предвидува први да се вакцинираат токму корисниците и вработените во домовите за постари лица и здравствените работници, но бидејќи вакцината не е задолжителна, потребно е да се знае бројот на оние кои се согласуваат на вакцинирање за што подобро да се организираат времето, начинот, местото и бројот на дозите.

Властите сепак очекуваат дека бројките, кога ќе стигне вакцината, да се зголемат иако причина за претеран оптимизам нема, ако се земе предвид дела релативно мал број здравствени работници се пријавиле за редовното вакцинирање против грипот.

Ставот на здравствените работници во Хрватска кон вакцинирањето е сличен на оној во повеќето други земји. Во Британија во тек е вакцинирање со вакцината на Бајонтек/Фајзер, а слични анкети покажаа дека би се вакцинирале 4 од 10 вработени во здравствените установи.

Поради тоа сè повеќе се водат дебати на глобално ниво дали треба да се воведе задолжително вакцинирање на оние кои со својата работа можат да им ја пренесат болеста на други и да им го загрозат животот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе