На локалните избори во Унгарија

Пораз на Орбан, опозицијата ја освои Будимпешта

Кандидатот поддржан од неколку опозициски партии Гергели Карачоњи е избран за градначалник на Будимпешта на вчерашните избори во Унгарија.

Карачоњи го победи првиот човек на главниот град, кандидатот на владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан.

По 74 отсто преброени гласови на изборите во Будимпешта, Карачоњи има 50,1 отсто од гласовите, а кандидатот на Фидес Иштван Тарлош 44,8, наведуваат локалните медиуми и додаваат дека досегашниот градоначалник му се јавил на ривалот и му ја честитал победата.

Според проекциите, опозициските партии би требало да победат во десетина од 23 најголеми градови, додека на локалните избори во 2014 победија во само три.

Излезноста беше околу 50 отсто, што е еден од најголемите одзиви на гласачите на локални избори во Унгарија од обновата на демократијата во 1990 година.

Аналитичарите очекуваат Орбан, кој ја предводи Фидес до убедливи победи на сите парламентарни избори од 2010 година, и покрај разочарувачките резултати да продолжи со тврдиот стил кој вклучува антиемигрантска политика, сѐ поголема доминација врз медиумите и концентрација на власта околу кабинетот на премиерот.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе