Поднесено барање за регистрација

Поранешниот сојузник му станува ривал на Ердоган: Давутоглу формира политичка партија

Ахмет Давутоглу, поранешниот турски премиер и некогашен сојузник на на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес официјално поднесе барање за основање на својата партија која ќе ѝ биде конкуренција на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Делегација на Давутоглу денес во турското министерство за внатрешни работи поднесе барање за регистрирање на новата Партија за иднината.

60-годишниот Давутоглу, кој беше премиер од 2014 до 2016 година, откако беше шеф на дипломатијата, утре официјално ќе ја претстави својата нова партија.

Поранешниот премиер долго беше еден од најблиските сојузници на Ердоган откако сегашниот претседател на Турција дојде на власт во 2003 година.

Ердоган го тргна од власта во 2016 година откако тие двајца не се согласуваа за многу прашања, особено за ревизијата на уставот за јакнење на претседателските овластувања.

Давутоглу во септември ја напушти владејачката АКП, и тој не е единствениот што му го врти грбот на Ердоган.

Поранешниот потпретседател на владата и министер за економија Али Бабаџан, исто така најави дека ќе формира своја партија.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе