Во пресудата изречена по повтореното судење на судот во Велење, со која е потврдена првичната одлука, судот му одреди на Јанша да ги плати и трошоците на спорот во висина од 513 евра, хавуваат словенечките медиуми.
Во порака која на Твитер ја објави во 2016, Јанша новинарките на РТВ Евгенија Карл и уредничката Мојца Пашек Шетинц ги нарече „избањати проститутки чии евтини услуги се нудат на фејсбук страницата на јавниот сервис“.
Новинарките поднесоа посебни тужби против Јанша, а судот во Велење, како првостепен, пресуди во корист на двете.
Јанша се жалеше на двете судски одлуки, при што вишиот суд во Цеље застана на негова страна и наложи повторно судење во случајот на Евгенија Карл, а ја потврди првостепената пресуда во случајот на Пашек Шетинц.