Преблага пресуда

Поранешниот шеф на претседателската кампања на Трамп е осуден на четири години затвор

Пол Манафорт, поранешниот шеф на претседателската кампања на Доналд Трамп, осуден е на речиси четири години затвор поради финансиската измама откриена за време на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер, кој ја истражува улогата на Русија во американските избори во 2016 година, на кои Трамп победи.

Судијата Т. С. Елис од окружниот суд на Александрија, сојузната држава Вирџинија, го осуди Манафорт (69) на 47 месеци затвор.

Поротата во август го прогласи Манафорт виновен за затајување данок и банкарска измама, како и за непријавување сметка во странска банка.

Иако не бараа одредена казна, обвинителите укажаа на сојузните упатства за пресуда во такви случаи за кои казната треба да биде од 19 и пол до 24 години затвор.

Судијата Елис, сепак, рече дека упатствата се претерани и дека таквата казна би била во спротивност со други случаи.

Елис на рочиштето, исто така, истакна дека Манафорт „не се наоѓа на суд по кое било обвинение дека тој или некој друг по негови инструкции, бил во дослух со руската влада, со цел да влијаат на изборите во 2016 година“.

Манафорт од судијата побара поблага казна и му се заблагодари на фер судењето. Тој не изрази каење за своите постапки, но рече дека процесот бил тежок за него и неговото семејство.

Елис на Манафорт, кој во судницата беше донесен во инвалидска количка, му нареди да плати парична казна од 50.000 долари и да врати нешто повеќе од 24 милиони долари.

Некои правни експерти изразија зачуденост со благата пресуда.

„Тоа е страшен пораз за канцеларијата на специјалниот обвинител“, оцени поранешниот сојузен обвинител Дејвид Вајнстин.

Казната е пониска и од онаа која ја бараа неговите адвокати, од 51 до 63 месеци затвор.

Манафорт беше еден од првите луѓе на Трамп кој се соочи со кривична пријава во рамки на истрагата за тоа дали со Русија е склучен таен договор за Трамп да победи на претседателските избори.

Трамп го отфрли постоењето на таков договор и ја нарече истрагата лов на вештерки, додека Русија го негира мешањето во изборите.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе