Поранешниот шеф на изборната кампања на Трамп ја призна вината во истрагата за дослух со Русите

Пол Манафорт, поранешниот шеф на кампањата на претседателот на САД Доналд Трамп се согласи, според судските документи, да ја признае вината за две точки од обвинението во рамки на договорот со специјалниот истражител Роберт Мaлер, што е нов удар за Трамп во долгата истрага за руското мешање во американските избори.

Во рамки на договорот 69-годишниот Манафорт може да се обврзе да соработува во Мaлеровата истрага за улогата на Русија во претседателските избори во 2016 и за тоа дали Трамповата кампања била во дослух со Русите на тие избори.

Манафорт ќе ја признае вината по една точка од обвинението за заговор против САД и една за заговор за попречување на правдата, според документите на судот во Вашингтон. Во новиот судски документ се додадени пет нови точки на обвинението.

Суд во Вирџинија минатиот месец го осуди Манафорт за банкарски и даночни измами.

Одлуката на Манафорт би можела да биде удар за Трамп кој минатиот месец го пофали својот поранешен помошник за тоа што не склучил договор со обвинителите, како поранешниот личен адвокат на Трамп Мајкл Коен.

Американскиот претседател на 22 август на Твитер напиша: „За разлика од Мајкл Коен, тој одби да изнесе измислени приказни за да се договори. Голема почит за храбриот човек!“

Според судските документи, промената во обвинението за заговор вклучува перење пари, даночна измама, непријавување сметки во странски банки и работа како нерегистриран лобист за проруските политичари во Украина. Втората точка од обвинението, таа за попречување на правдата, се однесува на обидите за влијаење врз сведоци поврзана со неговото лобирање.

Сите компании кои застапуваат некоја странска земја или организација мора редовно да ги информираат американските власти за врските со таа држава или организација.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе