„Покажа дека се кае“

Поранешниот шеф на Интерпол призна дека е виновен за корупција

Поранешниот шеф на Интерпол Менг Хонгвеј на судењето во Кина денес призна дека е виновен за корупција.

Менг (65) „покажа дека се кае“ поради прифаќањето на 14,46 милиони јуани мито (1,86 милиони евра), соопшти на социјалните мрежи судот во Тијанџин, северна Кина.

„Пресудата ќе биде изречена подоцна“, се вели во соопштението на судот.

Кинеското обвинителство на 10 мај покрена обвинение против Менг.

Менг е уапсен еден месец пред да биде отстранет од јавната функција и исфрлен од владејачката Комунистичка партија.

Тој бил избран за претседател на меѓународната полициска организација во 2016 година, но неговиот четиригодишен мандат е суспендиран во октомври, кога исчезна по пристигнувањето во Кина од Франција.

Грејс Менг, која со своите деца доби политички азил во Франција, тврди дека нејзиниот сопруг е жртва на политички прогон во Кина.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе