Поранешниот руски претседател Медведев го посети Донбас

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го посети денес заедно со неколку руски високи функционери прорускиот бунтовнички регион на истокот на Украина, повикувајќи на продлабочување на врските со Москва.

EPA-EFE

Тоа е една од најголемите руски делегации која ја посетила источна Украина од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Медведев кажа дека имал „разговори за приоритетните мерки кои треба да се преземат за безбедноста на републиките на Донбас, по инструкции на рускиот претседател Владимир Путин“, се наведува во соопштението.

„Особено внимание е посветено на усогласување на законодавството“ на бунтовничките региони со законодавството на Русија, поправка на инфраструктурата и подготовка за почетокот на школската година, се додава.

Покрај Медведев, во делегацијата биле заменик шефот на руската претседателска администрација Сергеј Киријенко, министерот за внатрешни работи Владимир Колоколцев и шефот на безбедносната служба ФСБ Александар Бортников.

Медведев, кој беше претседател од 2008 до 2012, а потоа премиер од 2012 до 2020 година, во моментов е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност.

Тој се сретнал со бунтовничкиот лидер на Луганск Леонид Пасечник и лидерот на соседниот регион Доњецк Денис Пушилин.

Посетата на Медведев доаѓа во време кога се стравува дека Москва подготвува припојување на овие два големи украински региони.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе