Поранешниот претседател на Перу Алан Гарсија се застрела во глава моменти пред да биде уапсен

Поранешниот претседател на Перу Алан Гарсија, наводно, се застрелал во глава откако полицијата пристигнала во неговиот дом за да го уапси. Поранешниот претседател е пренесен во болница, и неговата состојба моментално е непозната.

Поранешниот лидер влегол во спалната соба, откако ги забележал полицајците пред неговата врата, објави Ла Република. Откако се застрелал во глава, Гарсија е пренесен во болница на одделот за траума.

Гарсија, кој служел два мандати како претседател на Перу, е под истрага за поткуп. Гарсија е еден меѓу 230 луѓе во Латинска Америка кои се под истрага во случајот на корупција поврзан со бразилскиот конгломерат Одебрехт.

Поранешниот лидер барал азил во Уругвај минатиот ноември, откако судијата му забрани да замине од Перу во следните 18 месеци. Барањето за азил било одбиено, а судијата во Лима наредил негово притворање во вторникот.

Обвинителите велат дека Гарсија зел мито од Одебрехт во замена за профитабилен договор за јавниот превоз во Лима. Гарсија го негираше обвинението и тврдеше дека е политички прогонуван.

Последните петмина поранешни претседатели на Перу служеле затворска казна или се под истрага за корупција. Наследникот на Гарсија, Педро Пабло Кучински исто така е под истрага за неговата наводна вмешаност во скандалот Одебрехт. Обвинителите во моментов бараат да го продолжат притворот на Кучински, додека да може да биде доведен на суд.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе