Зелаја на Твитер напиша дека бил „неправедно приведен“ додека се подготвувал да отпатува за Мексико каде требало да присуствува на семинар.
„Причина: торба со 18.000 долари што не ми припаѓа мене“, напиша Зелаја.
Comunico que he sido injustamente retenido en el aeropuerto toncontin cuando me aprestaba a viajar a Seminario de PT en México. La causa una bolsa de dinero con 18 Mil $ ; que no es de mi pertenecía. Ahora en presencia de fiscal.
— Manuel Zelaya R. (@manuelzr) November 27, 2020
Кога цариниците со рентген го прегледале неговиот куфер, виделе дека внатре има уште една торба со непријавени пари, пишуваат локалните медиуми.
Според законот, сите патници мора да пријават на царина износ над 10.000 долари. Во спротивно, можат да бидат казнети со парична казна во висина од една третина од непријавените пари.
Зелаја на крајот бил ослободен откако ја платил казната. Тој за новинарите изјави дека властите треба да испитаат кој му ги подметнал парите.
Стотици приврзаници на левичарската партија Слобода и надомест (Либре), предводена од Мануел Зелаја, се собрале пред аеродромот и го блокирале патот што води кон него, барајќи ослободување на поранешниот претседател.
Зелаја бил симнат од власт во јуни 2009 година од сојуз на војската и цивилите, вклучително и членови на неговата влада. Тој бил критикуван за врски со тогашниот претседател на Венецуела Хуго Чавез и обвинет за предавство. По враќањето од егзил, тој ја основал партијата Либре.