Поранешниот претседател на Авганистан: Ми дадоа две минути да спречам крвопролевање

Поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани денеска се обиде да го оправда заминувањето од земјата во средината на август кога талибанците се приближуваа до главниот град Кабул, велејќи дека летот бил непланиран и дека тоа го направил за да спречи крвопролевање во градот.

Фото: ЕПА

„Утрото тој ден не ни помислував дека до попладневните часови ќе заминам“, изјави Гани за Би-би-си.

Неговиот советник за национална безбедност Хамдула Мохиб бил „буквално преплашен“ и му дал „не повеќе од две минути“ да одлучи што да прави.

„Дури кога полетавме стана јасно дека заминуваме. Така да, навистина беше нагло“, додаде Гани.

Претходните планови да се преместат во Хост или Џалалабад биле отфрлени бидејќи му било кажано дека и овие авганистански градови паднале во рацете на талибанците.

Гани го напушти Кабул на 15 август откако талибанските борци го опколија главниот град на Авганистан и веќе ги освоија сите провинциски главни градови со молскавична брзина.

Талибански претставници тогаш изјавија дека немаат намера да го нападнат градот, но Гани рече дека клучни безбедносни советници му рекле дека талибанците го прекршиле ветувањето дека нема да влезат во Кабул.

Заминувањето на Гани го направи невозможно легалното предавање на власта и им овозможи на талибанците едноставно да го пополнат безбедносниот вакуум.

Многу Авганистанци го обвинуваат Гани, кој е во Обединетите Арапски Емирати, дека едноставно ги предал на талибанците.

Но, тој тврди дека немал избор и дека така постапил за да спаси животи. Гани рече дека е претворен во „жртвено јагне“ за актуелната криза и хаосот во Авганистан.

Тој посочи дека згрешил што „им верувал на меѓународните партнери“, велејќи дека постојано бил притискан и го поткопувале неговиот авторитет.

Претпоставката дека трпението на меѓународната заедница ќе трае вечно беше „огромна грешка“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе