Поранешниот премиер на Австралија самиот се назначил на неколку министерски места

Сознанието дека поранешниот австралиски премиер се назначил себеси на неколку министерски позиции за време на пандемијата на ковид-19, предизвика политички скандал, а неговиот наследник вети брза истрага за случајот.

Фото: ЕПА

Премиерот Ентони Албаниз го обвини поранешниот премиер Скот Морисон за лоши политички потези откако се дозна дека поранешниот премиер се назначил себеси на позиции, вклучително и министер за здравство, финансии и ресурси, без да ги информира колегите, парламентот или гласачите.

Велејќи дека потезите на Морисон се „без преседан“, Албаниз во понеделникот додаде дека побарал правна помош и очекува повеќе информации во текот на денот. „Се работи за политички потези кои би ги исмевале да се случуваа во недемократска држава“, рече Албаниз. „Скот Морисон водеше влада од сенка“.

Во некои случаи, Морисон се назначил себеси за заменик министер без да ги информира членовите на кабинетот што претходно ги назначил на тие исти позиции. Скандалот фрли светло врз нетранспарентноста на донесувањето одлуки во австралиската влада и го наметна прашањето дали се потребни построги мерки за зачувување на демократијата.

Сè уште не е познато на колку позиции Морисон се поставил, но локалните медиуми објавија дека тој го презел управувањето со ресурсите и ја искористил својата моќ за да запре голем проект за гас на брегот на Сиднеј. Конзервативците на Морисон ја загубија власта на изборите во мај, ставајќи крај на речиси еднодецениско владеење на десниот центар во земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе