Поранешниот грузиски претседател ќе стане заменик премиер на Украина

Поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили објави дека е повикан на функцијата заменик премиер на Украина задолжен за реформи.

Сакашвили е еден од најпрепознатливите лидери на пост-советскиот свет. Од 2015 година ја водеше украинската црноморска регија Одеса, но поднесе оставка откако се раздели со својот поранешен сојузник и познаник од студентските денови во Киев, тогашниот претседател Петро Порошенко.

Во средата тој објави дека бил повикан во владата на актуелниот претседател Володимир Зеленски, кого го поддржа на минатогодишните избори.

Сакашвили треба да ѝ се придружи на владата во време кога Украина, како и остатокот од светот, се соочува со рецесија поради пандемијата на коронавирусот.

Официјален Киев се обидува да обезбеди заем од 8 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд.

„Голема чест е да се прими понуда од претседателот Зеленски да станам заменик премиер задолжен за реформи“, напиша Грузиецот на својот Фејсбук профил.

„Пред нас е многу тежок период. Сега, повеќе од кога било, мора да бидеме храбри во нашите одлуки и реформи“.

Лидерот на партијата на Зеленски, Дејвид Арахами, истакна дека за назначувањето на Сакашвили ќе се гласа во петок.

Тој додаде дека Сакашвили е вистински човек за борба против корупцијата и дека неговите способности досега не биле добро користени во Украина.

„Михаил Сакашвили е добро познат на меѓународната сцена и веќе покажа искуство за успешна имплементација на реформите“, објави канцеларијата на украинскиот претседател.

Пред пет години, Сакашвили бил повикан да ја предводи Одеса врз основа на својата борба против корупцијата додека бил претседател на Грузија, по Револуцијата на ружите во 2003 година.

Тој се повлече од функцијата гувернер во 2016 година, обвинувајќи го Порошенко за корупција.

Украинските власти му го одземаа државјанството додека престојувал во странство, но во септември 2017 година илегално влегол во државата од Полска, за време на масовен конфликт меѓу неговите приврзаници и безбедносните сили.

Тој бил депортиран пет месеци подоцна, а во Украина се вратил минатата година, откако Зеленски му го врати државјанството, на самиот почеток на својот мандат.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе