Поранешниот германски министер за надворешни работи: Се плашам дека ЕУ ќе се распадне

Поранешниот шеф на германската дипломатија Зигмар Габриел изрази стравување дека Европската Унија би можела да се распадне доколку нема солидарност во борбата со пандемијата на коронавирусот.

Габриел за Билд изјави дека Германија би требало дополнително да се задолжи за да може финансиски да им помогне на Италија и Шпанија во совладувањето на кризата.

„Мора некој да ми објасни зошто ние Германците, при задолжувањето, кое сега се случи, не им ставивме еден отсто на располагање на Италија и на Шпанија како помош за економијата. Јас би бил за тоа да се издвојат и 10 отсто. Не верувам дека би имало голем бунт кога наместо 150 би се задолжиле 160 милијарди евра“, кажа Габриел.

Поранешниот министер за надворешни работи смета дека Германија има голема корист од ЕУ додавајќи дека стравува за опстанокот на Унијата.

„Ако не бидеме спремни да ја споделиме благосостојбата, тогаш не знам што ќе биде со Европа“, истакна Габриел додавајќи: „Загрижен сум дека Европа по оваа криза би можела да се распадне“.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе